Последниот танц на македонската легенда

Гечевски испратен со овации (ФОТО)

Популарниот Тоше влезе во 9. минута, одигра 21 секунда, даде кош и ја заврши богата играчка кариера.

објавено: 30 септември 2016 - 19:36

Легендарниот репрезентативен центар, Тодор Гечевски и официјално се прости со активно играње на кошарката. Македонскиот кошаркарски великан замина во легендите на спектакуларен начин, онака како што заслужуваат големите спортисти.

Македонија не ги заборави игрите на популарниот Тоше, ниту пак Работнички, кој одлучи дел од роденденскиот меч со Фенебахче да го посвети за човекот со најмногу настапи во историјата на македонската репрезентација. Тој влезе во 9. минута, постигна два поени и стави крај на својата богата кариера.

И не можеше да биде подобро: Полни трибини, овации, емоции...Гечевски кажа збогум во друштво со своите репрезентатвни играчи. Антиќ, Илиевски, Чековски и некогашниот селектор, Докузовски со кого Македонија го освои историското четврто место.

 

Најново во Кошарка