КАВАДАРЧАНИ МЕНУВААТ НА КРИЛНИТЕ ПОЗИЦИИ

Ѓекиќ на местото на Павиќ

Бранислав Ѓекиќ ќе биде новото играчко име во екипата на Фени Индустри до крајот на оваа натпреварувачка сезона.

објавено: 22 ноември 2016 - 19:40

Бранислав Ѓекиќ ќе биде новото играчко име во екипата на Фени Индустри до крајот на оваа натпреварувачка сезона. Довчерашниот играч на Златорог од Лашко, а претходно и на неколку наши екипи, ги договорил речиси сите детали за негов трансфер кај кавадаречките  „црно-бели".

И доколку се оди според очекувањата на раководството на клубот, тој би можел да се појави во составот на Фени Индустри уште овој викенд, кога тимот кој го предводи Љупчо Малинков за противник во нашата Прва лига ја има екипата на АВ Охрид.

Ѓекиќ, кој претходно беше дел од екипите на Струмица, а пред една сезона и на Куманово,  е веќе во Кавадарци, а веќе денеска треба да да го одработи првиот тренинг со другиот дел од екипата.
Овој 207. сантиметри висок кошаркар, кој во август наполни 25 години, важи за „продукт" на школата на белградски Партизан би требало да биде замена за Црногорецот Вукота Павиќ, кој по дуелот со Кожув во Гевгелија си замина од клубот, и потпиша договор со АБА лигашот Морнар од Бар. 

Во текот на ланската сезона, високото крило одигра 32 средби за „пиварите“ од Лашко. Притоа, за 14.7 минути кои ги поминуваше во просек на теренот, реализираше по 5.9 поени и 2.7 скока по натпревар

 

Најново во Кошарка