НЕМА СТРАНСТВО

Ѓуроски продолжува во Блокотехна

Репрезентативното крило се согласил на условите кои му ги понудил новиот прволигаш и наш претставник во БИБЛ лигата.

објавено: 14 декември 2017 - 23:08

Наместо во странство, како што најавуваше, Стојан Ѓуроски ќе ја продолжи кариерата како играч на Блокотехна.

Репрезентативното крило с есогласил на условите кои пред него ги постави тимскиот менаџмент на тимот од Гевгелија, па веќе од следното првенствено коло ќе го облече дресот на својот нов клуб.
Ова е второ доаѓање на Ѓуроски во Гевгелија откако пред две сезони настапуваше и за екипата на Кожув.
По финансискиот колапс кој се случи во Карпош Соколи,гостиварецот го прекина договорот со македонскиот претставник во ФИБА Евро купот.

Најново во Кошарка