ГОСТИВАР ОСТАНА БЕЗ ГЛАВНИОТ ИНИЦИЈАТОР ЗА ВРАЌАЊЕ НА ТИМОТ

Ѓуроски си поднесе оставка: Толку се можеше!

Најпријатното изненадување оваа сезона, Гостивар во продолжение на сезоната останува без својот тим менаџер, Младен Ѓуроски, кој воедно беше главен иницијатор за враќање на кошарката во овој град. 

објавено: 12 декември 2017 - 11:27

Најпријатното изненадување оваа сезона, Гостивар во продолжение на сезоната останува без својот тим менаџер, Младен Ѓуроски, кој воедно беше главен иницијатор за враќање на кошарката во овој град. Ѓуроски преку соопштение ја објасни својата одлука да го напушти тимот, кој во моментов одлично котира во Првата лига, има шест победи и три порази.

„Поради зголемениот обем на обврски и идни ангажмани се повлекувам од фунцијата Тим менаџер во КК Гостивар. Клубот прерасна во стабилен прволигаш кој е поставен на цврста основа. Прикажавме одлични игри и резултати. Се надевам дека и во иднина ќе продолжи да се движи во иста насока. Доколку треба било каква помош , јас секогаш ќе бидам тука.

Со почит,
Младен Ѓуроски“, стои во соопштението на Ѓуроски. 

 

Најново во Кошарка