Четири играчи ги продолжија договорите со АВ Охрид

Глигоријевиќ со сениорски стаж

Новопечениот младински репрезентативец, Стеван Глигоријевиќ, охриѓаните Антонио Донески и Петар Бојовски, плус Бранко Јанески и следната сезона ќе го носат дресот на AВ Охрид.

објавено: 12 јули 2017 - 20:17

Новопечениот младински репрезентативец, Стеван Глигоријевиќ, охриѓаните Антонио Донески и Петар Бојовски, плус Бранко Јанески и следната сезона ќе го носат дресот на AВ Охрид.

Сезоната која доаѓа за Донески, Бојовски и Јанески ќе биде трета меѓу „галебите", додека младиот Глигоријевиќ ќе ја започне втората во охридскиот клуб.
Со потпишувањето на новите договори управата на кошаркарскиот клуб почнува со финалните подготовки за следната сезона.
„Галебите" во дебитанската сезона во Првата лига ја исполнија главната цел изборувајќи опстанок во друштвото на најдобрите. 

Најново во Кошарка