РАБОТНИЧКИ ОСТАНА БЕЗ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦОТ

Го одигра дербито и замина: Стојан Ѓуроски е нов играч на Кожув!

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Стојан Ѓуроски, е нов член на Кожув, откако во последниот ден од 2015 година реши да замине од таборот на Работнички и да потпише за прволигашот од Гевгелија.

објавено: 31 декември 2015 - 13:44

Високото крило имаше отворен договор со центарци, со можност да си замине кога ќе добие финансиски подобра понуда. Ѓуроски е третиот играч на 14-кратниот шампион што ја искористи ваквата опција, по Јане Петровски и Бојан Трајковски, кои потпишаа за Фени индустри односно за Куманово.

Репрезентативецот е четвртото засилување за Кожув во изминативе неколку дена, со што тренерот Стратос Кукулекидис направи целосна реконструкција на тимот што го презеде пред еден месец. Претходно, потписи на договорите со екипата од Гевгелија ставија Американците Рајан Вајт и Ламонт Мидлетон како и Црногорецот Александар Радуловиќ.

Најново во Кошарка