ЦЕНТАРОТ СИ ЗАМИНУВА ОД ГЕВГЕЛИЈА

Гоцевски го „плати“ цехот за лошиот настап на Кожув во Суперкупот!

Поранешниот македонски репрезентативец, Златко Гоцевски, повеќе не е член на екипата на Кожув, објавија попладнево од прволигашот од Гевгелија.

објавено: 1 октомври 2015 - 15:20

Според информацијата од југот на Македонија, станува збор за договорен прекин на соработката.

„Управата на клубот му се заблагодарува за неговиот придонес во досегашните настапи за Кожув и му посакува се најдобро во иднина“, пишува на официјалната страница на клубот на Фејсбук.

Прекинот на соработката со високиот центар доаѓа како реакција по лошиот настап на гевгеличани на неодамнешниот Суперкуп, каде што Кожув неочекувано загуби во полуфиналето од драстично подмладениот Работнички. Гоцевски на овој меч одигра 11 поени без да се запише во листата на стрелците, а во таборот на тимот од Гевгелија е од 2013 година. Засега нема најави кој ќе го пополни неговото место во играта под обрачите.

Најново во Кошарка