Имаат три од три

Гостивар гази максимално

Гостивар има максимален учинок по три кола во Првата кошаркарска лига, по победата вечрва во Битола против Пелистер со 91:79

објавено: 22 октомври 2017 - 20:07

Гостивар има максимален учинок по три кола во Првата кошаркарска лига, по победата вечрва во Битола против Пелистер со 91:79.

Поранешниот наш селектор Марјан Србиновски, одлично ги предводи гостиварчани од клупата и не знае за пораз.

На полувремето гостите имаа само еден поен предност 39:38, а клучна беше серијата на Гостивар од 13:0 при резултат 47:47.

Сегариќ со 20 поени и осум асистенции беше најдобар на теренот кај гостите. Димчевски постигна 17, а Робев 15 поени за победничката екипа. Убедливо најефикасен на натпреварот беше Американецот Луис Роберт со неверијатни 40 поени и осум асистенции.

Најново во Кошарка