Со оглед на тоа дека „доцнат" зад Куманово

Гостивар „мора", ако сака да држи плеј-оф чекор

Покрај големото дерби, она во недела навечер во „Градски парк", викендов се игра само уште еден меч од Суперлигата.

објавено: 14 април 2018 - 15:42

Покрај големото дерби, она во недела навечер во „Градски парк", викендов се игра само уште еден меч од Суперлигата.

Тоа е пресметката во гостиварски „Младост", онаа помеѓу екипите на Гостивар и АВ Охрид.
Гостиварци мора да победат ако сакаат да си ги задржат шансите за пласман во плејофот. Тие го бркаат Куманово кој е четврти, и после киксот со „галебите" се извади со голем триумф над лидерот Работнички.
Пораз на Гостивар, речиси ќе ги отпише од трката за четвртото место.
Во плеј-аутот, дербито се игра в недела кога Струмица и Карпош соколи имаат последна шанса за фаќање приклучок во битката за опстанок. Струмичани се засилија и во минатото коло го изненадија Кожув, па ако победат и против „соколите", ќе имаат шанса до крајот на плеј-аутот да направат чудо и да се спасат од испаѓање.
Тимот од Карпош одамна не славел, и со победа над струмичани, ќе проба да го турне Шкупи во опасната зона.

СУПЕРЛИГА
ДВОЈКИ, 4. КОЛО:
ДЕНЕСКА:
18.00: Гостивар – АВ Охрид
НЕДЕЛА:
19.00: Работнички – МЗТ Скопје
Блокотехна – Куманово одложено
ТАБЕЛА:
1. Работнички 25 24 1 2234:1648 49
2. Блокотехна 25 19 6 2160:1754 44
3. МЗТ Скопје 25 19 6 2155:1766 44
4. Куманово 25 16 9 2241:2051 41
5. Гостивар 25 14 11 2051:1900 39
6. АВ Охрид 25 11 14 2030:2063 36

ПЛЕЈ-АУТ ЛИГА
ДВОЈКИ, 4. КОЛО
ДЕНЕСКА:
17.00: Кожув – Шкупи
18.00: Фени и. - Пелистер
НЕДЕЛА:
17.00: К. Соколи – Струмица
ТАБЕЛА:
1. Фени и. 25 13 12 2039:2091 38
2. Кожув 25 11 14 1880:2083 36
3. Пелистер 25 9 16 1802:2077 34
4. Шкупи 25 6 19 2050:2291 31
5. К. соколи 25 5 20 1964:2356 30
6. Струмица 25 3 22 1720:2249 28

 

Најново во Кошарка