ВО НАТПРЕВАР ПОЛН СО ПРЕСВРТИ...

Гостивар не делува како дебитант, од „прва" го освои „Јасмин"

Гостиварци имаа подобро отворање на дуелот во Кавадарци... Фени Индустри се врати, но крајот беше резервиран за гостите кои прославија голема победа (96:92)...

објавено: 11 октомври 2017 - 20:18

Дебитантот подобар од „староседелецот“ во прволигашката конкуренција.

Или поедноставно кажано...

Фени Индустри – Гостивар 92:96 (21-15; 24-25; 24-17; 23-29)
Многу добар початок имаа гостите од Гостивар. По нешто повеќе од седум минути од играта водеа со двоцифрени (23:12). Но серијата од (9-2) го врати Фени назад во мечот, на истекот на првата четвртина веќе беа прифатливи, секако, за кавадарчани (21:25).
Доста ефикасно се играше и во наредниот период, сега на двете страни.
На она гостиварската во преден „поентерски" план беше српско-хрватскиот двоец Сегариќ-Тодоровиќ, кои искомбинираа половина од поените на гостинскиот тим (25 од 50) до големиот одмор.
Сличен беше и „распоредот на поените" во домашниот. Магдевски и Дејвис диктираа темпо во реализацијата (12 односно 11.поени).
Барем до полувремето во кое Гостивар ја задржа предноста, (50:45).
Во продолжението, Мирковиќ стана трениот двоцифрен играч кај Фени Индустри.
Но сите насоки водеа кон неизвесен финиш, и тоа с епокаќа како точно.
Во „Јасмин" практично победникот се решаваше во последните моменти, односно деведесетина секунди.
По поентирањето на Марковски, Фени Индустри имаше минимално водство (90:89),пред Зекири да погоди за три, и да му донесе предност на Гостивар (92:90).
По двете грешки ма Магдевски, казни Сегариќ, за плус 4 (94:90) и само половина минута за играње. ВО нив сгреши Петровски, па потоа и гостите кои за осум секунди не ја пренсоа топката во полето на противникот.
Дејвис ги погоди двете слободни фрлања, а го „предизвика" Тодоровиќ да го стори истото на спротивната страна.
Силниот Србин го погоди првото, потоа и второт за недостижни (96:92).
Сегариќ со 18 поени и 10 асистенции беше најзабележителен кај победникот, но мора да се истакне и ефектот на Јетмир Зекири го заврши мечот со 16, и оној на Дамјан Робев со 14 поени.
Кај Фени индустри најефикасен беше Андреј Магдевски, кој го заврши мечот со 21 поен и осум асистенции.

Најново во Кошарка