ДВА НОВИ ИГРАЧИ ВО РОСТЕРОТ НА ТРЕНЕРОТ МАРЈАН СРБИНОСКИ

Гостивар си ги врати гостиварците: Михајлоски и Јанески конечно дома

Слободан Михајлоски и Бранко Јанески се враќаат во родниот Гостивар.

објавено: 12 октомври 2018 - 16:05

Довчерашните играчи на АВ Охрид ја прифатија понудата која до нив ја испрати раководството на гостиварскиот прволигаш, па практично од денеска се нови играчи на КК Гостивар.

„Договорите се заверени во МКФ, со право на настап веќе на наредниот натпревар, оној во рамките од второто првенствено коло во кое гостуваме во Куманово. Но со оглед на недоволната физичка подготвеност, малку е за верување дека Михајлоски и Јанески ќе добијат и соодветен број на минути на овој важен меч за екипата. Но сето тоа го оставаме за стручниот штаб, да одредат што и како. Станува збор за 'наши деца', гостиварци, со кои сме убедени дека ќе ја унапредиме играта на екипата на едно уште повисоко ниво" - велат од раководството на Гостивар.

Интересно е дека Михајлоски (роден 1982 година) после цели 13 години се враќа да игра во својот роден град. Во меѓувреме го носеше дресот на Фени Индустри, Работнички, и АВ Охрид каде беше и во улога на капитенот.
Јанески имаше сличен пат, кој го водеше до Фени Индустри, АБА Струмица, Т-баскет, и АВ Охрид.

Најново во Кошарка