Прва суперлигашка победа за „црвено-белите“

„Градски парк“ повторно кобен за кумановци: Работнички делеше лекции (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Работнички брзо се рехабилитираше по поразот од Карпош Соколи. Без Ѓорѓи Чековски, најтрофејниот кошаркарски колектив на домашен терен го совлада Куманово со убедливи 87-69 (22-14, 19-20, 24-16, 22-19) за прва победа во Суперлигата. Мишановиж со дабл-дабл од 29 поени и 11 скока беше најефикасен кај домашниот тим каде Диме Тасовски имаше 16 поени. Кај Куманово за кого ова е прва пораз во борбата за плеј-фот, Марјан Јанески имаше 23 поени и девет скока.

објавено: 19 март 2017 - 19:55

Најново во Кошарка