ДВЕ ПОБЕДИ НА ГЕВГЕЛИЧАНИ ВО РАСТОЈАНИЕ ОД 48.ЧАСА

И дефинитивно, Кожув знае како треба со Куманово

По убедливиот триумф во делот од БИБЛ лигата, гевгеличани беа подобри од кумановци и во прволигашката пресметка (80:69)

објавено: 21 јануари 2017 - 20:57

По втор пат во рок од 48 часа Кожув и Куманово се собраа во Гевгелија да одлучат уште еднаш кој е подобар во овој момент. Во онаа БИБЛ пресметка гевгеличани славеа убедлива победа (89:71), со која остааа во игра за место кое води во следната фаза од тоа натпреварување. А два дена подоцна истите ривали се бореа за што подобра позиција во нашата Прва Лига.

И одново подобар беше тимот од Гевеглија...

Кожув – Куманово 80-69 (23-21; 20-12;18-13;19-23)

По резултатот од првата четвртина (23:21) можеше да се предвиди дека тоа ќе биде далеку понеизвесен дуел во однос на оној претходниот. Но во вториот период од играта „црвено-белите“ го засилија ритамот на игра. Делуваа многу посвежо во однос  на тимот од Куманово. Како кај нив да не се почувствува оној период на рехабилитација, и одењето во „карантин“ затоа што имаа дури петмина играчи во една таква „болна ситуација“.Спротивно од тоа избраниот тим на Игор Михајловски имаше одличен процент на реализација од поле, посебно за три поени. Во нецели три четвртини од играта погодија дури 11 тројки (од 18 обиди) од кои на пример. Главчев ги погоди сите три обиди. Па до истекот на првото полувреме гевгеличани изградија предност од десет поени (43:33).

Тука не застанаа, и како одминуваа минутите, така ја зголемуваа разликата, која по три четвртини беше скоро недостижна. Кожув беше во плус од 15. поени (61:46). Но тоа не беше крајот на оние минути на расположение на гевгелискиот состав. Со нова серија, сега од (8-3) дојдоа и до плус од 20. поени (69:49), со кои ги симнаа скоро сите неизвесности околу тоа кој ќе биде победник на овој дуел.

Навистина, кумановци се вратија, макар и за момент... Со своја серија (15-5) на неоговорени поени од страна на домаќинот. Ја преполовија, намалија на -10 (64:74), кога до крајот останаа 2:13 минути.

Миливоје Мијовиќ имаше уште една ол-раунд игра креирана со 23. поени и 15. скока, Кенјо Мек Нил заврши со 16 а неговиот американски сонародник Лери Хол 15. поени.

Третиот Американец на теренот во салата„ 26.април“', но на страната на Куманово Џонел Браун имаше 22. реализации, по 11 стигнаа да уфрлат Мијатовиќ и М.Пековиќ, додека новиот капитен на „сино-белите“ЈАнески застана на 10. поени и 4.скока. 

Прволигашот од Гевгелија сега е чекор поблиску до оној од Куманово. Имаат скор (5-4), кумановци се на (6-3) со кои заостануваат во однос на Фени Индустри и Работнички.

 

 

 

 

Најново во Кошарка