Познато лице на кормилото

Игор Михајловски пак ќе биде тренер на Куманово

Игор Михајловски е старо-новиот тренер на Куманово, а клубот полека го креира ростерот за новата сезона

објавено: 6 јули 2017 - 21:54

Игор Михајловски е старо-новиот тренер на Куманово, а клубот полека го креира ростерот за новата сезона. Михајловски пред две сезони го предводеше Куманово од клупата, а сега се враќа на местото на Марјан Србиновски, кој замина во Гостивар и ќе го води овој клуб од идната сезона.

Од клубот информираа дека е продолжен договорот со Марјан Јаневски, со Димитар Караџовски и Никола Караколев, а нов член е Александар Штерјов.

Најново во Кошарка