Лоши и добри вести за Работнички

Илиевски повреден, Вигинс на тренинг во „Градски парк“

Поради повреда, Владо Илиевски мораше да замине во Љубљана каде ќе оди на дополнителни прегледи. Новото засилување на Работнички, Ник Вигинс започна со тренинзи.

објавено: 28 октомври 2016 - 12:08

Добри и лоши вести стигнаа од „Градски парк". Најголемото засилување во таборот на Работнички, Владо Илиевски поради повреда го напушти Скопје. Некогашниот капитен на македонската репрезентација на пријателската средба против АВ Охирд се пожалил на повреда на препоната. Во консултација со лекарскиот тим на најтрофејниот кошаркарски колектив, Илиевски замина во Љубљана каде ќе оди на дополнителни прегледи. Дали станува збор за нешто посериозно ќе биде познато во текот на следните денови.

Новина во „Градски парк" е Канаѓанецот, Ник Вигинс, кој започна со тренинзи. Вигинс игра на крилната позиција, до сега има настапувано за Тајгерс Тибинген. Метеорс од Мелбурн е последниот тим за кого има настапувано и за кого бележ 21,4 поени, 5,8 скокови и 2,9 асистенции во просек по натпревар.

Најново во Кошарка