Нови казни

Има ли крај: МКФ со нови суспензии!

По суспендирање на четири прволигашки екипи, на дневен ред на македонската кошаркарска федерација се младинските екипи. 

објавено: 27 јануари 2017 - 11:55

Македонската кошаркарска федерација продолжува со казнување на „непослушните“ екипи. Откако вчера им изрече суспензија на Карпош Соколи, Куманово, Кожув и Струмица поради неисплатени долгови, на дневен ред дојдоа младинските екипи.

Вкупно 22 екипи засега немаат право на настап во соодветните натпреварувања, причината е иста, неподмирени долгови на име казни, како и тренерски лиценци.

На црната листа на МКФ се најдоа: Работнички, Јуниор, Водњански Лисици, Вардар, Гостивар 2015, Дамбер, Црн Дрим 007, Пиколо, Куманово, Баскет Кам, Спорт тим, Борец, Михајловски, Кожув, Ринија, Лирија 77, Партизан В.С., Феникс, ФМП, Пинк Пантери, ЖРК Пелистер.

Први на удар се клубовите кои овој викенд требаше да започнат со натпреварите.

 

Најново во Кошарка