ДОЛГО НАЈАВУВАНА СЕДНИЦА НА УО НА РАБОТНИЧКИ

Има ли Работнички решенија?

На состанокот закажан за 17 часот, раководството на клубот од „Градски парк“  треба да ја разгледа и оставката на извршниот директор Оливер Тоновски дадена во една неофицијална форма.

објавено: 11 јануари 2017 - 10:00

Денови на одлуки се пред раководството на КК Работнички. А можеби некоја од нив ќе биде донесена на седницата на Управниот Одбор на клубот од „Градски парк“ која е предвидена да се одржи денеска, со почеток од 17.часот.

Она што е засега се поизвесно е дека раководниот тим на „црвено-белите“ ќе треба да се произнесе по оставката која пред извесно време ја најавил извршниот директор, Оливер Тоновски, а која сеуште се води како неофицијална.

Но освен тоа, луѓето кои го водат најтрофејниот кошаркарски клуб во Македонија ќе треба да  најдат пат за „излез“ од актуелната ситуација, која е далеку од добра, и поради која што веќе неколку дена првиот тим е надвор од редовниот тренажен процес. 

На седницата е најавено и присуството на првиот спонзор на клубот, градоначалникот на општната Центар, Андреј Жерновски, од кого пак се очекува и најмногу. Пред се во оној финансиски поглед на актуелниот момент во кој „живее и работи“ КК Работнички, актуелниот лидер по осум одиграни кола во домашниот шампионат. 

Најново во Кошарка