ФИНАЛЕН ТУРНИР ВО М-16 ЛИГАТА

Кадетскиот шампион ќе се бара на „Кале“

Кошаркарите кои се натпреваруваат во возрасната категорија до 16 години денеса и утре ќе го одиграат последниот, завршен, турнир кој ќе го одлучи шампионот.

објавено: 6 јуни 2018 - 13:30

Kошаркарите кои се натпреваруваат во возрасната категорија до 16 години денеса и утре ќе го одиграат последниот, завршен, турнир кој ќе го одлучи шампионот.

Во кадетската категорија ќе се натпреваруваат екипите на Вардар, кој е и организатор на овој турнир и актуелен шампион, Партизан Мулти Шпед, кој беше треторангиран ланската сезона, Феникс 2010 кој е минатосезонски вицешампион и МЗТ Скопје Аеродром.

Во рамки на првото полуфинале силите ќе си ги одмерат Феникс 2010 и МЗТ Скопје Аеродром со почеток во 15:00 часот. Второто полуфинале ќе започне два часа подоцна, во 17:00 часот помеѓу екипите на Вардар и Партизан Мулти Шпед.

Сите натпревари ќе се одиграат во малата сала на „Кале". Натпреварот за трето место ќе се одигра в четврток со почеток во 15:00 часот додека финалето ќе започне во 17:00 часот.

 

Најново во Кошарка