ПОЛУФИНАЛЕТО БЛОКОТЕХНА-МЗТ ПОАТРАКТИВНО ЗА ПРЕНЕСУВАЊЕ

Камерите на МТВ во Негорци

И во вторите мечеви од сериите, Македонската телевизија реши да го пренесува понеизвесното полуфинале

објавено: 10 мај 2018 - 16:00

Вториот меч од полуфиналето помеѓу Блокотехна и МЗТ Скопје Аеродром, кој се игра утре од 18.30 часот во салата „НБ Ноел“ во Негорци, ќе биде пренесуван на МТВ, а за пресметката Куманово - Работнички останува надежта дека ќе има барем интернет пренос, како од првиот дуел во „Градски парк“. Во МТВ веројатно сметаат дека гевгелиско-скопската битка е поинтересна и поатрактивна, па засега односот во преноси е 2-0 за тоа полуфинале. Кумановци в сабота од 19 часот го пречекуваат Работнички, со надеж дека нема да играат за последен пат сезонава во својата сала. 

Најново во Кошарка