КАРПОШ СОКОЛИ ЈА ЗAГУБИЈА И „ТРОШКАТА“ НАДЕЖ

Кавадарчани им ја заверија второлигашката судбина на „соколите“

Карпош Соколи не успеа да дојде до триумф против Фени Индустри на домашен терен за опстанок во прволигашката конкуренција. 

објавено: 25 април 2018 - 15:25

Карпош Соколи не успеа да дојде до триумф против Фени Индустри на домашен терен, кој ќе ги оставеше во игра за опстанок во прволигашката конкуренција. Кавадарчани ја оправдаа улогата на фаворит и среде Скопје славеа со убедливи 94-81 (14-27, 24-21, 16-25, 27-21) во рамките на 7. коло во плеј-аут лигата.

До крајот остануваат три кола, а „соколите“ ќе се сретнат со Пелистер, Струмица и Шкупи. Според играта сезонава речиси невозможно е да ги добие сите три средби. Па покрај веќе испадната Струмица, скопскиот тим веќе со една нога гледа кон Втората лига.

Пајиќ со 21 поен и 8 скока ги предводеше гостите, кај домашниот тим Спенс имаше 23 поени.

 

 

 

Најново во Кошарка