Тимот од Градски Парк остана без извршен директор

Кичевски поднесе оставка од КК Работнички

Извршниот директор на тимот од Градски Парк оваа функција ја напушта поради приватни причини

објавено: 4 јули 2016 - 14:07

Васко Кичевски не è повеќе извршен директор на кошаркарскиот клуб Работнички. На неколкугодишното извршување на оваа функција, Кичевски реши да и стави крај поради приватни причини.

„Почитувани. Поднесувам неотповиклива отставка од местото Главен извршен директор на КК Работнички АД. Ми беше чест и задоволство изминатавa година и половина да го менаџирам најтрофејниот клуб во Македонија. Сепак поради лични причини морам да го напуштам директорското место во клубот.
Во изминатите 18 месеци, заедно со целиот менаџерски тим, успешно ја спроведувавме стратегијата на КК Работнички за финансиска консолидација на клубот. Со поддршка на Општина Центар и ЈП Паркинзи на Општина Центар, КК Работнички успеа да врати 70% од долгот наследен од претходната управа. Со тоа клубот се остава на здрави нозе и со реални амбиции од следната сезона да го врати шампионскиот сјај. Покрај стабилизирање на финансиската ситуација во клубот, КК Работнички во изминатиов период реализира неколку значајни проекти, меѓу кои ги издвојувам:
1. ВРАЌАЊЕ НА МЛАДИНСКАТА ШКОЛА НА НИВО НА КОЕ ЗАСЛУЖУВА ДА БИДЕ. ДЕНЕС ВО ТАА ШКОЛА ЧЛЕНУВААТ ПОВЕЌЕ ОД 330 ДЕЦА (ЗА РАЗЛИКА ОД МОМЕНТОТ КОГА ГО ПРЕЗЕМАВМЕ КЛУБОТ, КОГА БРОЈКАТА БЕШЕ ОКОЛУ 150 ДЕЦА.
2. КК РАБОТНИЧКИ НАПРАВИ И ТЕРЕТАНАТА ВО СКЛОП НА САЛАТА ГРАДСКИ ПАРК КОЈА МЛАДИТЕ КОШАРКАРИ МОЖАТ ДА ЈА КОРИСТАТ БЕЗ НИКАКОВ НАДОМЕСТ.
3. БЕШЕ ОРГАНИЗИРАН КАМП ВО КОЈ УЧЕСТВУВАА 68 ДЕЦА ОД НАЈРАЗЛИЧНИ ВОЗРАСТИ И НА КОЈ ПРИСУСТВУВАА НАЈГОЛЕМИТЕ МАКЕДОНСКИ КОШАРКАРСКИ ЗВЕЗДИ.
Покрај спонзорите ја користам можноста да се заблагодарам кошаркарите, на разбирањето на поголемиот дел од играчите, кои трпеливо си ги чекаа одамна заработените средствата, а тоа никогаш не дозволија да се одрази на нивната игра..
Почитувани, на крајот сакам да потенцирам дека задачата за која беше составен овој мал Управен одбор на КК Работнички АД од страна на Советот на Општина Центар, а тоа беше да се нормализира работата на КК Работнички, е остварена. Се надевам дека новиот Извршниот директор како и Управниот Одбор ќе биде поуспешен и ќе обезбеди повеќе средств за клубот бидејќи КК Работнички заслужува многу подобри услови за работа, а тоа е можно пред се со многу повеќе средства“ стои во официјалното соопштение од Кичевски.
Сè уште е непознато кој ќе биде новиот извршен директор кај Работнички, кој од следната сезона влегува со зголемени амбиции во суперлигашкото друштво.

Најново во Кошарка