Нов удар за македонската клупска кошарка

КК Бест престанува да постои!?

Со писмо објавено на официјалната фејсбук страница, раководството на КК Бест од Гевгелија ја информира јавноста дека ги откажува сите понатамошни активности. Односно дека престанува да постои

објавено: 24 август 2016 - 10:30

Почитувани!
КК БЕСТ АД ГЕВГЕЛИЈА сака да ги извести сите љубители, подржувачи и пријатели дека после осум години постоење, макотрпна работа и негово афирмирање од младинските лиги, па се до највисокиот ранг на натпреварување на МКФ, се откажува од сите идни активности и престанува да постои.
Причините за ваквата одлука се елаборирани во писмото испратено до МКФ, како и до Општина Гевгелија.
Неможноста да се пронајде заеднички јазик со Општината и со соседниот клуб а со цел , подобра иднина на кошарката во градот и афирмација на младите во овој спорт, беше главна причина за нашето повлекување.
Воедно сакаме да се заблагодариме на сите оние љубители на кошарката во нашиот град што ни дадоа огромна подршка да постигнеме тоа што постигнавме за овие осум години.
Исто така сакаме да се заблагодариме на МКФ и нејзиниот претседател Петар Наумоски што вложи максимални напори да се прошири лигата и КК БЕСТ и оваа година да биде член на Прва лига.
Воедно сакаме да се извиниме на МКФ , на сите наши кошаркари, посебно најмладите, но и на подржувачите на КК БЕСТ.
Се надеваме дека кошарката во Гевгелија ќе живее засекогаш.
Спортски поздрав

Најново во Кошарка