„СОКОЛИТЕ“ ДОБИЛЕ ГОЛЕМА ПОДДРШКА

КК СОКОЛИ: Балканот „гори“ по интервјуто на Дедиќ

„Вчерашното интервју на претседателот на Карпош Соколи, Огнен Дедиќ, во кое ги кажува сите проблеми и неправилности во работата на АБА-лигата и воедно го прикажува вистинското лице на тие што ја предводат односно на тие што од сенка командуваат со нив, предизвика вистинска бура на просторот на поранешна СФР Југославија“, велат од таборот на Карпош Соколи на својата официјална страница. 

објавено: 16 јули 2017 - 14:43

По вчерашното интервју на првиот човек на Карпош Соколи, Огнен Дедиќ, од таборот на вицешампионот откриваат дека на нивната адреса стигнала голема поддршка од останатите екипи од Балканот.

„Вчерашното интервју на претседателот на Карпош Соколи, Огнен Дедиќ, во кое ги кажува сите проблеми и неправилности во работата на АБА-лигата и воедно го прикажува вистинското лице на тие што ја предводат односно на тие што од сенка командуваат со нив, предизвика вистинска бура на просторот на поранешна СФР Југославија.

 

Очекувано, со оглед на најголемиот број екипи во натпреварувањето, најбурни реакции има во соседна Србија каде што речиси да нема интернет-сајт, весник или телевизија која не ги пренела зборовите на Дедиќ објавени на официјалната страница на клубот. Интересот е огромен, информациите од северот говорат за пола милион прегледи во само неколку часа, а голем е и бројот на коментари под статиите.

 

Одгласите речиси во целост се позитивни односно луѓето што ја следат кошарката се согласуваат со сѐ што искажа првиот човек на „соколите", потврдувајќи дека има големи проблеми во раководната структура на АБА-лигата. Текстовите кои го пренесуваат интевјуто во моментов се спортска вест број еден во Србија, барем такви се информациите оттаму.

 

Не многу помали се и реакциите во останатите земји кои даваат клубови во ова натпреварување, каде што е едногласна оценката, барем според прочитаното во делот со мислењата на јавноста, дека Карпош Соколи по секој критериум требало да остане во АБА-лигата и во претстајната сезона, со оглед на десетте победи и одличниот впечаток што го остави во неодамна завршениот шампионат. Во клубот и лично до Дедиќ стигнаа стотици телефонски повици од клубови и луѓе кои се на некој начин поврзани со АБА-лигата, во кое се дава поддршка за нашиот клуб во борбата за откривање на сите валкани работи кои се поврзани со регионалното натпреварување.

 

Сето ова говори дека сѐ што е кажано во интервјуто е на место и дека постојат многу проблеми во АБА, а кои никако не можат да се стават под тепих со формирање на некакво си второкласно натпреварување“, се вели во новото известување на Карпош Соколи на својата официјална интернет страница.

Најново во Кошарка