ПРЕД СТАРТОТ НА ПОЛУФИНАЛНИТЕ БИТКИ

Клубовите си дадоа чесен збор во МКФ

Претставниците на МЗТ Скопје, Блокотехна, Работнички и Куманово денеска имаа заеднички состанок во македонската кошаркарска федерација. 

објавено: 7 мај 2018 - 13:54

Претставниците на МЗТ Скопје, Блокотехна, Работнички и Куманово денеска имаа заедни состанок во македонската кошаркарска федерација. Во присуство на генералниот секретар Моника Гаврилоска, спортскиот директор Владимир Темелковски како и комесарот за натпреварување Владо Цветковски дадоа чесен збор дека дуелите ќе минат во најдобар ред и ќе бидат одлични домаќини, но и гости.

„Целта на состанокот беше повторување и потврдување на претходно дефинираните правила и пропозиции, конкретно околу спортските сали во кои ќе се одигруваат натпреварите како и безбедноста во истите.

На состанокот се говореше и за термините за одигрување на натпреварите. Во интерес на кошаркарскиот спорт, клубовите прифатија да натпреварите од едно коло бидат одиграни во два различни дена како истите телевизиски би биле пренесувани. Па така, полуфиналната серија од плеј-офот ќе започне со натпреварот помеѓу второ и третопласираниот на табелата во Супер лигата – екипите на МЗТ Скопје Аеродром и Блокотехна. Натпреварот ќе се одигра утре (8. мај) со почеток во 19:00 часот. Натпреварот помеѓу првопласираниот Работнички и четвртопласираниот Куманово ќе се одигра ден подоцна.

По одигрување на натпреварите од полуфиналната плејоф серија ќе биде одржан уште еден состанок со финалистите пред започнување на финалната серија од Плејофот за тековната сезона. Финалната серија од Плејофот ќе започне четири дена по завршување на полуфиналната серија, согласно календарот за натпреварување“, се вели во соопштението на МКФ.

Дали клубовите ќе останат на зборот останува да видиме....

Најново во Кошарка