СЕДУМ КОЛА ИСТА ПРИКАЗНА, КОЈА Е ЦЕЛТА НА СУПЕРЛИГАШИТЕ

КЛУБОВИТЕ СО „АВТОКОШ“: Сакаат публика, а упорно играат во ист термин

Намерно или не! Поголем дел од досегашните суперлигашки пресметки не само што се играат во ист ден, клубовите „уживаат“ да ги закажуваат натпреварите во ист термин, што пак е проблем за љубителите на кошарката. 

објавено: 21 април 2017 - 13:00

Намерно или не! Поголем дел од досегашните суперлигашки пресметки не само што се играат во ист ден, клубовите „уживаат" да ги закажуваат натпреварите во ист термин, што пак е проблем за неутралните љубители на кошарката.

Ова посебно важи за скопските екипи. Иако по подолго време сведоци сме на изедначена и интересна кошаркарска претстава, сепак трибините се празни. Клубовите само си даваат „авткош“, секое второ коло натпреварите се играат во исто време.

Највеж пример за ова е претстојното осмо коло. Во „Градски парк“ (ако дозволи МКФ) со почеток во 18 часот ќе се одигра градското дерби меѓу Работнички и МЗТ Скопје, истовремено во СЦ „Борис Трајковски“, Карпош Соколи е домаќин на Куманово.

Слична ситуација имаше и во 4. и 5. коло. Во Скопје се одиграа два натпревари и двата беа закажани во исто време, Карпош Соколо - МЗТ и Работнички - Кожув. Двете средби беа исклучително интересни, но голема штета што љубителите на кошарката мораа да бираат кој дуел ќе го следат.

До крајот на Суперлигата остануваат три кола, а минаа седум интересни....ШТЕТА!!! Која е целта на клубовите, за кого се игра кошарката?

Најново во Кошарка