Ѓорѓи Кочов не успеа да ја оствари првата победа како тренер во финале, успеа некако да ги мотивира играчите на МЗТ Скопје да одиграат коректно до крајот на ова финале, но повторно попуштија во финишот, нешто што им се случуваше и на првите два меча.
„Водевме во поголем дел од натпреварот, стигнавме и многу рано до предност од 15 поени разлика. Но, како и на претходните два меча, повторно сами се победивме. Ајде, нема да коментирам за судиите, му честитам на Работнички. Се боревме максимално, но сметам оти она што не бевме 100 процентно чесни кон кошарката во претходниов период од сезоната, ни се врати на најлош начин и не успеавме да ја одбраниме титулата. Искрено жалам, но таков е животот, таков е спортот, мора да одиме понатаму“ - изјави тренерот Кочов, кој како играч има шест титули со Работнички и една со МЗТ.