ХАОТИЧНА СИТУАЦИЈА ПРЕД СОБРАНИЕТО НА МКФ

Кој има право на глас, изгледа знае само Петар Наумоски!

Голем број на прашалници стојат пред одредбата колку делегати имаат право да се изјаснат за (не)доверба на актуелниот предводник на федерацијата на вонредната седница на Собранието на МКФ закажана за 15. часот во Скопје.

објавено: 15 декември 2016 - 13:00

Дали Петар Наумоски ја ужива довербата на клубовите кои имаат право на глас на седница на Собранието на МКФ, ќе стане јасно по денешниот собир на делегатите кој го свика актуелниот претседател „натеран" од страна на доволен број на клубови, инаку незадоволни од неговото досегашно водење на оваа институција.
А дали македонската кошарка ќе го добие и деветтиот претседател во својата историја, ќе се знае попладнево во ресторанот „Сквер 21", а седницата која е по барање на клубовите, а одобрена од Управниот одбор, почнува во 15 часот.
Според дневниот ред кој го предложи Наумоски, ќе се гласа за (не)доверба на претседателот. А ако му се изгласа недоверба и биде разрешен, ќе се пристапи кон пауза од 15. минути (прашање е колку е тоа валиден потег), во која кандидатите треба да ги достават своите кандидатури со потписи, и тоа од барем 10 членки на Собранието со право на глас.
По паузата, според процедурата која досега не била воопшто применуванаа во кошаркарскиот спорт, почнува нова, изборна седница, во која ќе се бира претседател, Управен одбор и Надзорен одбор на федерацијата.


За потсетување, членови на собранието се сите клубови од сениорските лиги (прва, втора и трета машка, и прва женска), а право на глас имаат и претставници на здруженијата на младински категории, асоцијација на тренери, асоцијација на ветерани, здружение на активни играчи, на судии и делегати, и статистичари.
Но основното прашање е кој од клубовите, односно асоцијациите-здруженијата, имаат вистинско право на глас?
Тој податок досега не е објавен од страна на актуелното раководство на федерацијата и носи вистински хаос пред одржувањето на седницата. Но не е тешко да се предвиди дека листата ќе биде „кроена" според потребите на тимот на Наумоски, кој веќе направи и некои конкретни потези, секако во своја „одбрана".
Дека нема намера лесно да се предаде, говори и еден официјален документ кој вели дека пред неколку дена обезбеди еден глас со регистрацијата на асоцијација на ветерани каде за овластено лице сега е поставен Будимир Јоловиќ, близок пријател на Наумоски и водач на пат на сениорската машка репрезентација во квалификациите за Евробаскетот 2017.
Тоа веројатно само дополнително ја иритира „атмосферата" кај клубовите кои и ја покренаа иницијативата за свикување на вонредно Собрание на кое Наумоски би требало да биде сменет од првата функција во македонската кошарка.
Сепак, ако се земат в предвид актуелните моменти на „теренот", се поизвесно е дека во текот на денот, односно уште на 15. декември, МКФ ќе добие нов предводник.

КОИ СЕ ЧЛЕНОВИТЕ НА СОБРАНИЕТО НА МКФ ВО ОВОЈ МОМЕНТ

ПРВА ЛИГА-МАЖИ
МЗТ Скопје, Карпош Соколи, Работнички, Фени Индустри, Куманово, Кожув, Пелистер, Вардар, Струмица, АВ Охрид

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ
Гостивар 2015, ФМП Академија, В. Лисици, К. Соколи, Радовиш, Тетекс, Шкупи, Црн Дрим, Ангели, Феникс 2010

ТРЕТА ЛИГА-МАЖИ
Овче Поле, Бал Фор лајф, Борец Еуробрик, МЗТ Скопје, Марфил Спорт, Дино Баскет, Кичево

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ
Бадел 1862, Вардар, Шкупи, МНА Кожувчанка, Пелистер АД, Струга 2009, Трокал, Клубски Патриот


- Преставник на Здружението на Младински категприи
- Преставник на Асоцијација или на Здружение на кощаркарски тренери, потписник на Договор за присоединување кон МКФ
- Преставник од Асоцијација или на Здружение на кощаркарски ветерани, потписник на Договор за присоединување кон МКФ
- Преставник од Асоцијација или на Здружение на активни играчи, потписник на Договор за присоединување кон МКФ
- Преставник од Асоцијација или на Здружение на кощаркарски судии и делегати, потписник на Договор за присоединување кон МКФ
- Преставник од Асоцијација или на Здружение на кощаркарски статистичари,потписник на Договор за присоединување кон МКФ

Најново во Кошарка