КОМИТЕТОТ ЗА ИТНОСТ ПРИ МКФ СО НЕКОЛКУ ОДЛУКИ

Кој не плати до 1.септември ќе биде избришан од Првата лига, се укинува Третата лига!

објавено: 13 август 2018 - 15:31

Бобан Радуловиќ

Согласно со претходните најави, денеска заседаваше и Комитетот за итност при Македонската кошаркарска федерација. На „дневен ред" беа актуелниот момент во Првата лига, односно некомплетното подмирување на обврските спрема федерацијата од страна на неколку прволигашки клубови.

Комисијата потврдила дека седум клуба извршиле одредени уплати, од нив само два се со комплетно подмирени обврски. За сите други сега важат нови „правила" кои го велат следното:

„Согласно со известувањето од МКФ, за уплата на гаранција во износ од 615.000 денари, најдоцна до 6. август, ќе се пресметува казнен пенал само за неуплатениот дел во износ од 10% се до денот на уплатата, а не подоцна од 1. септември 2018 година.
Пријавата на екипа за учество во Прва лига-мажи во натпреварувачката сезона 2018/2019. Согласно со објавените преодни рокови (1.септември, 2018 година), ќе биде валидна доколку се приложи доказ за уплатена котизација, согласно со одлуката.
Доколку не се приложи доказ за уплата, пријавата ќе се смета за неуредна и екипата нема да биде вклучена во системот за натпревари во Првата лига-мажи за сезоната 2018/2019“.

Освен овој нов попуст кој го добија „неплаќачите", комитетот за итрност на МКФ донесе одлука и да се укине натпреварувањето во Третата лига.

„Одлуката за укинување на Третата лига-мажи се донесува поради барањето и консултации со повеќе клубови од Втора и Трета лига-мажи, и недоволен број на заинтересирани клубови за учество во наведените лиги. А и со информацијата од Агенцијата за млади и спорт за новиот Закон за финансиско олеснување кое што ќе важи само за Прва и за Втора лига".
Зголемениот број на екипи од Втора лига ќе допринесе младите играчи на двојна лиценца да добијат поголем број на натпревар, а со тоа да стекнат и поголемо искуство за себе“.

За овие две и тоа како важни долуки во нареднио период треба да се ијасни и Управниот Одбор на МКФ.

Најново во Кошарка