Најдобриот кошаркар за 2016 година

Костоски: Наградата ја посветувам на мојот татко

Емотивен говор на најдобриот кошаркар за 2016 година во Македонија, Александар Костоски. На денот кога беше погребан неговиот татко, тој го доби првото вакво признание. 

објавено: 18 јануари 2017 - 21:05

Александар Костоски со игрите во дресот на Куманово и националниот тим на Македонија ги доби мнозинството гласови од претставниците на клубовите и медимумите и сосема заслужено беше прогласен за најдобар кошаркар во Македонија за 2016 година.

Кај него вечерва чуствата беа измешани, со оглед на тоа дека својата прва ваква награда во кариерата ја прими на денот кога беше погребан неговиот татко, Митко Костоски. Репрезентативниот плејмејкер, сепак успеа да собере сили и да се појави на доделување, а ова големо признание го посвети на неговиот татко.

„Преполн сум со емоции, не можам многу да зборам, иако дома подготвував говор. На ова место требаше биде мојот татко, тој да ја прими наградата, но судбината сакаше јас да дојдам тука и да го земам ова признание. Верувајте нема што друго да кажам во овој момент, зошто емоциите ме совладуваат.
Награда која ја посветувам само на мојот татко", изјави најдoбриот кошаркар за 2016 година.

Најново во Кошарка