Репрезентативецот и официјално се договори со Куманово

Костоски: Одам по трета среќа

Македонскиот репрезентативен плејмејкер, Александар Костоски ја продолжи соработката со Куманово. Покрај него во новата сезона кај „сино-белите“ останува и Димитар Караџовски.

објавено: 1 септември 2016 - 14:26

Александар Костоски и официјално останува во таборот на Куманово. Македонскиот репрезентативен плејмејкер и покрај понудите од останатите клубови, одлучи да не го менува тимот. Покрај него соработката со кумановскиот прволигаш ја продолжи и Димитар Караџовски. 

„Во претходните два наврати не успеавме да дојдеме до шампионската титула, ова ќе биде трет обид. Ги исполнија сите услови кон мене можеби требаше порано да заврши, но никогаш не е доцна кога ќе стигне вистинската понуда. Имав други понуди од македонски клубови, но пресуди „блискоста" со луѓето од Куманово.

Не се забораваат така лесно изминатите години во кои имавме и добри и лоши моменти, но повеќе добри. Се надевам дека во скоро време раководството на клубот ќе направи уште поквалитетн играчки ростер со кои ќе тргнеме по нови победи", ни изјави Александар Костоски.

Најново во Кошарка