ГЕВГЕЛИЧАНИ ЈА ПОТВРДИЈА ПОЗИЦИЈАТА 4

Кожув „го доби“ Димчевски

Во отсуство на повредениот Кенјон Мек Нил, некогашниот репрезентативец ја превзема поентерската улога во Кожув во планираната победа над Пелистер (83:71)

објавено: 4 март 2017 - 20:36

Еден час подоцна го одиграа својот последен дуел од регуларниот дел од Првата лига кошаркарите на Кожув и на Пелистер. Причината, транспортните проблеми кои битолчани ги имале на пат кон Гевгелија (дефект на автобусот со кој патуваа на овој натпревар).

Тоа беше видливо кај гостите, кои играа практично едно полувреме, но тоа никако не одреди победникот на овој натпревар во Гевгелија.

Кожув - Пелистер 83:71 (15-15; 21-16; 27-17; 20-23)

По најавената пауза, од еден час, двете екипи тргнаа некако израмнето. како што го покажа и првото „време на минување“ во салата „26.април' во Гевгелија. На истекот на првата четвртина беше егал,  (15:15).

Но во оние наредни две, фаворизираниот Кожув покажа дека е поквалитетна екипа од битолската. Со секоја одмината минута, тимот на Игор Михајловски правеше разлика.

И поен по поен, стигнаа до плус 5 на полувремето (36:31).

Се чини дека „зелено-белите“ имаа сили за толку, за тие дваесетина минути. Затоа што во продолжението дојде до израз „силата“ која ја има кај нашиот претставник во БИБЛ лигата.

Дури и без нивниот прв поентер, Кенјон Мек Нил, кој по последниот меч во БИБЛ лигата (гостувањето кај Фени Инустри во Кавадарци)се пожали на повреда на скочниот зглоб, оние „позитивни пет“ во третата четвртина беа практично „утроени“.

„Трилингот“ Димчевски, Ѓурасовиќ-Хол го диктираше темпото, па Кожув отиде далеку, до плус 15,(63:48).

Освен овие два планирани бода, се чини дека играчкото враќање на Ивица Димчевски кој во 30. минути комплетираше ефект од 23. поени (погоди шест тројки од девет обиди), четири асистенции и три скока, треба да биде најдобриот момент за Кожув пред почетокот на Суперлигата. Следна фаза во која го имаат бројот 4, и каде за прв противник во тој втор круг, кој води кон плеј-офот, им го носи Куманово.

А ново добро издание покажа и Хол кој освен 16. поени оствари и 10.успешни додавања, додека пак третиот поентер во домашниот тим, Ѓурасовиќ заврши со 14. поени и 7. скока.

На „битолската страна“, свои моменти на инспирација имаше Американецот Фил Хоукинс, кој изброја до 25. поени, Андрејевиќ до 13. а капитенот Анакиевски до 11. 

 

 

 

Најново во Кошарка