ПРОДОЛЖУВА ВРТЕЛЕШКАТА ВО ГЕВГЕЛИЈА

Кожув и со трет тренер: Кукулекидис избркан, Илиевски нов предводник!

Грчкиот стручњак Стратос Кукулекидис повеќе не е тренер на Кожув.

објавено: 3 февруари 2016 - 21:15

Тимот од Гевгелија ја прекина соработката со него веднаш по натпреварот против Сигал Приштина во рамките на БИБЛ лигата кој Кожув вечерва убедливо го загуби. На местото на Кукулекидис е поставен Марјан Илиевски кој, интересно, до пред неколку месеци го водеше токму тимот на Сигал Приштина. Кукулекидис ја презеде тренерската позиција на Кожув на средината на ноември, но немаше позабележителни резултати освен што обезбеди пласман во втората групна фаза од БИБЛ лигата. Гевгелискиот тим се наоѓа на петтата позиција на табелата во Првата лига со минимални шанси да се вмеша во борбата за титулата.

Инаку, Марјан Илиевски ќе биде трет тренер на Кожув оваа сезона. Почна Боби Митев кој остана само еден месец по почетокот на првенството, продолжи Кукулекидис, а крајот најверојатно ќе го дочека Илиевски.

Најново во Кошарка