Гевгеличани со ново име

Кожув не застанува: Мијовиќ е седмиот странец

Какви се амбициите на екипата на Кожув за новата сезона, говори последното странско засилување. Станува збор за играч кој игра на позицијата крилен-центар.

објавено: 21 септември 2016 - 15:38

Миливоје Мијовиќ (24 години, висина 201 сантиметар) е нов член на гевгелиски Кожув. Српскиот крилен-центар минатата сезона настапуваше во словенечкиот шампионат и тоа во дресот на клубот Рогашка Кристал.

На 29 натпревари во првата словенечка лига, Мијовиќ имаше просек од 10,6 поени и 4,7 скока за 26,8 минути по натпревар. Станува збор за играч кој често шутира тројки. Шутевите од далечина ги погодуваше со 34,7 отсто успешност, а од пенал линијата имаше 77 процентна реализација.

Миливоје досега има настапувано во БКК Раднички Белград (во сезоната 2011/2012) и Рогашка каде играше во претходните три сезони.

Српскиот кошаркар е дури седми странец во Кожув. Во составот на Врбица Стефанов се и странците Миладин Пековиќ, Роберт Абрамович, Кенион Мек Нил, Јагош Матијашевиќ, Никола Ѓурасовиќ и Филип Зекавичиќ.

В понеделник, Кожув ќе одигра контролен меч против Карпош Соколи и тоа ќе биде прва сериозна проверка на моментните можности на гевгелиската екипа.

Најново во Кошарка