ГЕВГЕЛИЈА ПАК ЌЕ ИМА СИЛЕН ТИМ

Кожув со македонски играчи и со Боби Митев на клупата ќе атакува на титула во БИБЛ-лигата!

објавено: 2 јули 2015 - 14:40

Гевгелиски Кожув и следната сезона ќе биде дел од елитата во македонското кошаркарско првенство откако главниот спонзор на клубот, Томица Главчев, потврди дека нема да се повлече, туку со група други стопанственици од регионот ќе обезбеди солиден буџет со кој тимот од југот ќе атакува на највисок пласман во Еврохолд Балканската лига (БИБЛ), каде што ќе играат и во наредното првенство.

Нов тренер на гевгеличани е Боби Митев, а интенцијата на новата управа ќе биде формирање квалитетен состав исклучиво со македонски кошаркари.

„Свесни сме дека ќе биде тешко да се обезбедат толку квалитетни играчи од нашата држава, но ќе пробаме барем главниот костур да биде составен од кошаркари од Македонија, на кои странците би биле само дополнување или своевидна помош од страна“, ни изјави првиот човек на Кожув, Томица Главчев.

За Митев ова ќе биде враќање во македонската кошарка по кусата неуспешна епизода во МЗТ Скопје, каде што работеше извесен период минатата сезона.

И.К.

Најново во Кошарка