Репрезентативецот се сели во Гевгелија

Крстевски го засилува Кожув

Македонскиот репрезентативец, Бојан Крстевски веќе е во Гевгелија и се очекува во текот на денешниот ден да стави потпис на договорот. 

објавено: 4 октомври 2016 - 08:15

Екипата на Кожув продолжува со составување на ростерот за новата сезона. Стратегот на гевгеличани, Врбица Стефанов овој пат се одлучи за проверено име. Станува збор за македонскиот репрезентативец, Бојан Крстевски, кој веќе е во Гевгелија и се очекува во текот на денешниот ден да потпише договор.

Крилниот-центар кој минатата сезона го носеше дресот на Работнички, доби мала минутажа од екс-селекторот на националниот тим, Драган Раца во квалификациите за пласман на ЕП 2017 кои за нас завршија фатално. Крстевски влезе на два меча, за кои имаше просек од еден поен и два скока.  

Покрај Работнички, крилниот-центар од 2012-2015 играше за Кавала, а претходно беше дел од екипите на Торус и Вардар. 

 

Најново во Кошарка