Тренерот на Кумановци заработи суспензија

Куманово без главниот во Скопје: Србиноски еден меч на „ладење“

За двете технички грешки на гостувањето кај Фени Индустри, Марјан Србиноски заработи суспензија од еден натпревар и парична казна од 24.000 денари. 

објавено: 3 април 2017 - 16:22

Екипата на Куманово на гостувањето кај МЗТ Скопје во рамките 5. коло во Суперлигата ќе биде без главниот шеф на клупата. Поради двете технички грешки на дуелот со Фени Индустри, Марјан Србиноски заработи суспензија од еден меч и парична казна од 24.000 денари.

На гостувањето во Кавадарци, стратегот на кумановци поради некоректно и навредливо однесување кон судиите доби две технички грешки во финишот на мечот и беше отстранет од теренот и од салата, а потоа беше пријавен од страна на службените лица. 

Следното петто коло во Суперлигата се игра в среда, покрај МЗТ Скопје - Куманово, силите ќе ги одмерат Работнички - Фени Индустри и Кожув - Карпош Соколи.

 

 

Најново во Кошарка