ВЕЧЕРВА ОД 19 ЧАСОТ, ВТОРИОТ МЕЧ ОД ВТОРОТО ПОЛУФИНАЛЕ

Куманово по стапките на Блокотехна, или брејк на Работнички?

На кумановци им треба многу подобра игра отколку на првата средба во „Градски парк“ и без осцилации ако сакаат победа над фаворитот. 

објавено: 12 мај 2018 - 14:30

Кошаркарите на Куманово и Работнички од 19 часот го почнуваат вториот полуфинален меч, а секој од полуфиналистите си има свои пресметки. Кај домашните преовладува желба за реванш по поразот во првиот натпревар во плеј-офот и уште еднаш да го лобедат Работнички, како што го направија тоа неодамна во суперлигата.
Сите што нема да бидат присутни во спортската сала во Куманово, може да го проследат мечот на следниот линк:

 

Александар Петровиќ најавува дека дома може секого да победат, и ќе сторат се, во Скопје да се вратат со 1-1, а не со 0-2. Работнички има повеќе адути во ротацијата, и ако го неутрализираат нападот на противникот, и ги спречат тројките, ќе бидат на чекор од финалето. Иако има подолга клупа, во Работнички сакаат ова полуфинале да заврши што е можно порано, и да се фокусираат на финалето. 

Најново во Кошарка