ОТВОРЕН КОНКУРС ЗА НОВ ЦЕНТАР

Куманово се ослободи од Миљковиќ

Во вториот дел од сезоната „сино-белите" не сметаат на високиот Србин, бараат негова замена...

објавено: 3 јануари 2018 - 13:50

Немања Миљковиќ го заврши својот престој, и настапи за екипата на Куманово. Крајот на првиот дел од првенството означи и крај на соработката на кумановскиот прволигаш и српскиот центар.

Ако се погледнат оние статистички параметри, јасно и поради што.
Едноставно неговите игри не ги задоволија потребите, односно барањата на стручниот штаб, кој во средишниот дел од првата фаза го превзема Александар Петровиќ.
Статистиката вели дека високиот српски центар настапи на вкупно 10 напревари во првата лига и притоа во просек забележа по 9.8 поени, 3.6 скока и 1.2 додавања.
Но поголем дел од поените дојдоа во ние „мртви минути" од натпреварите во кои беше познат победникот.
Согласно со празнината која се јавува во овој сегмент, јасно е дека раководството на Куманово ќе мора да пронајде и соодветна замена до стартот на вториот дел предвиден за 13. јануари и дерби дуелот против лидерот на табелата, екипата на Работнички.
Најавите од Куманово се дека тоа ќе биде уште едно познато име во македонската кошарка, но засега нема официјална потврда дали е дојдено до официјални преговори кои би можеле да резултираат и со конкретен договор.

Најново во Кошарка