ФАВОРИТОТ НЕ ДАДЕ НИКАКВО ИЗНЕНАДУВАЊЕ

Ладно за струмичани во Куманово

„Сино-белите“ постепено го кршеа отпорот на гостите и на крајот стигнаа до убедливи (93:72), за скор (5-2) и трето место во лигата. 

објавено: 21 декември 2016 - 20:53

Иако не го дочекаа дебито на своето ново засилување (на плејмејкерската позиција) Јонел Браун, тоа не им посмета на кошаркарите на Куманово да излезат на крај и да слават победа против екипата на Струмица,

Куманово - Струмица 93:72 (27-22; 22-17; 25-14; 19-19) 

Кумановските „сино-бели“ постепено го кршеа отпорот на својот гостин од Струмица. По релативното изедначено прво полувреме во кое „побегнаа“ на плус 10 (49:39), сите дилеми околу крајниот исход ги решија во третиот дел од играта. Оној во кој имаа и двојно поголема предност (74:53).

Веројатно нивниот најстандарден играч во овој дел од сезоната, Марјан Јанески релизираше и најмногу поени - 21. А добро „работеа“ и другите членови на ударната петорка која во овој момент на располагање ја има тренерот Марјан Србиноски, што е и главниот квалитет во играта на нашиот претставник во БИБЛ лигата.

Мијатовиќ постигна 19, Живановиќ дури оствари и дабл-дабл од 13 поени и 11. асистенции, а репрезентативецот Караџовски на 11 поени придодаде и седум скока.

Јокиќ беше реализатор на 20. поени за Струмица, 12 даде високито бешовиж, додека пак по 11. имаа уште Зивчевиќ и Станковиќ

 

*АВ Охрид имаше и предност од 20. поени, но до крајот на средбата со Вардар, требаше дополнително да се потат за да стигнат до планираните два бода. 

На дуелот во салата „Билјанини извори“, Вардар водеше со 2-0 и 4-1, па Охрид серија од 27-2 за огромен плус од 20 разлика (28-8). Првиот период заврши со (29:13). Беше и 33-20 за АВ Охрид, па по серијата од (7-0), разликата беше и плус 20 (40:20).

На крајот...

АВ Охрид - Вардар 73:64 (29-13; 19-17; 13-18; 12-16) 

И на полувреме охридскиот тим имаше сосема комотни (48:30). „Вардарци“ се заканија кога се доближија на (50:38) и уште повеќе на (52:42). Но последните четири поени ги дадоа „галебите" за плус 14 во пресрет на последниот дел од играта во кој при резултат (61:56), гостите не реализираа напад.

Намалија и на (65:60), но со тројка на 2:32 минути до крајот, охриѓани се одлепија на позитива од осум разлика. Потоа кошаркарите на Вардар грешеа, и тоа често во нападот и домашните мирно го приведоа мечот кон крајот.

Клучните поени беа дело на Младеновиќ кој при скор (68:62), со две „слободни“ зголеми на недостижни (70:62). А откако се беше готово, „малечкиот“ плеј на АВ Охрид буквално  во последната секунда, даде „циркуски" кош (свртен со грб кон кошот).

А уште една одлична ол-раунд игра во АВ Охрид прикажа Василиќ кој си подели по 22 поени но и исто толку скокови. Двојно повеќе во однос на Младеновиќ и Ѓорѓевиќ, а доброто издание на првите пет во охридскиот тим го комплетираа Донески и Михајлоски со по десет реализирани поени. 

Калов даде 16, Митев уште 10 поени за младиот тим на Вардар за кого ова е и седми пораз по ред во најсилната конкуренција. 

 

 

Најново во Кошарка