ШАМПИОНОТ ПРЕД „МОРАЊЕ"

Лaлиќ е голема дилема за Тодоров

Главната дилема што ја имаат во таборот на МЗТ пред првото големо дерби во оваа сезона е дали против Работнички (17.45 часот) ќе игра Јуре Лалиќ?

објавено: 6 декември 2017 - 16:00

Главната дилема што ја имаат во таборот на МЗТ пред првото големо дерби во оваа сезона е дали против Работнички (17.45 часот) ќе игра Јуре Лалиќ?

Хрватскиот центар се повреди на загревањето пред мечот со Цедевита во Загреб и не е 100 отсто спремен за игра. Навистина стартерот кај „сино-белите" почна со полесни тренинзи, а дали ќе може да игра, ќе се знае пред самиот натпревар.
Во МЗТ не беа преголеми оптимисти околу неговиот настап, но ако се подобри состојбата, тогаш тој ќе помогне.
Тодоров има прилично опции на секоја позиција, а императивот е победа и ништо друго. Поразите во АБА- лигата, а и двата домашни кикса против Блокотехна и Карпош соколи, не му даваат простор на МЗТ за уште една грешка.
„Бонусот" е исполнет, секоја наредна грешка може да биде жестоко казнета. Од друга страна, победа над Работнички може да означи почеток на убава серија на „металците" и старт на промена кон подобро во наредниот период.

Најново во Кошарка