Центарот останува кај шампионите

Лалиќ продолжува со МЗТ Скопје

Хрватскиот центар Јуре Лалиќ го продолжи договорот со македонскиот првак МЗТ Скопје и ќе го носи синиот дрес и идната сезона

објавено: 9 септември 2017 - 14:24

Хрватскиот центар Јуре Лалиќ го продолжи договорот со македонскиот првак МЗТ Скопје и ќе го носи синиот дрес и идната сезона.

Искусниот центар одигра солидна сезона и со соиграчите ја прослави шампионската титула во домашното првенство. Лалиќ има настапувано и за Задар, Цибона, Крка, Унион Олимпија, бугарски Лукоил, полски Стелмет и белгиски Шарлоа.

Хрватот треба денеска да пристигне во Скопје, а во понеделник да ги мине задолжителните лекарски прегледи по што ќе може да му се стави на располагање на тренерот Александар Тодоров. Ако сѐ биде в ред, Лалиќ ќе биде во составот на „,металците" на претстојната мини-турнеја во Бугарија и Романија. МЗТ Скопје ќе игра против Левски, Лукоил Академик и двапати со Крајова.

Најново во Кошарка