ТРЕНЕРСКАТА КОМИСИЈА НА МКФ ОДЛУЧИ:

МАКЕДОНСКА РАБОТА: Лиценцата за тренер-странец е само 500 евра!?

Иако и во минатото имаше големи реакции во македонската тренерска фела, сепак, Тренерската комисија, како тело на УО на МКФ, одлучи да не ја менува висината на таксата за странски тренери, секако во елитната конкуренција – Првата лига.

објавено: 22 септември 2017 - 17:00

Во новата натпреварувачка сезона во македонската клупска кошарка, нема да има измени, барем во делот наречен тренери.

Тренерската комисија, како орган на УО на МКФ, ги утврди висините на таксите за добивање на потребните тренерски лиценци за соодветниот ранг на натпрвњарување.
Согласно со тоа, „цената" за издавање на лиценца за странски тренер и понатаму изнесува 30.000 денари. Односно е непроменета во однос на претходните сезони во нашиот елитен ранг.
И дефинитвно е против желбата на добар дел на членовите на тренерската организација, кои бараа поголемо почитување на домашната тренерска фела, а како еден од методите за тоа беше предложено и зголемување на таксата за добивање на тренерска лиценца во македонската кошарка.


Во овој момент, ова „правило" се однесува само за едне клуб – Струмица, која во летниот преоден рок го ангажираше грчкиот стручњак Власис Влаикидис. Тренер кој и во минатото ги предводеше струмичани, тогаш и до шампионската титула, историска за кошаркарска Струмица.
Истите „цени" се и за оние „домашни тренери". Па така, таксата за тренер во Прва лига мажи е 6.000 денари, за „тренерување" во Прва лига жени, Втора лига мажи, Трета лига мажи – 4.000 денари, а во младинска лига – 3.000 денари.
Тренерските лиценци за натпреварувачка сезона 2017/18 во сите категории на натпреварување ќе ги издава Тренерската Комисија при МКФ, од каде стигнува и најавата дека секој клуб е должен да пријави тренер за секоја екипа и категорија во која ќе се натпреварува.
Освен тоа, еден тренер може да биде пријавен најмногу во две екипи во рамките на еден клуб, и тоа: прв тренер во една екипа, и помошен тренер во втора екипа.

 

Најново во Кошарка