МИСТЕР “ДАБЛ-ДАБЛ“ Е БЕЗ КЛУБ

Луковиќ „раскина“ со Куманово – сега бира помеѓу МЗТ Скопје, Турција и Саудиска Арабија!

Српскиот кошаркарски интернационалец Урош Луковиќ повеќе не е член на екипата на Куманово, со која договорно ја прекина соработката, а меѓу екипите во кои би можел да ја продолжи кариерата се споменува и актуелниот шампион – МЗТ Скопје.

објавено: 7 декември 2015 - 10:58

Мистер „дабл-дабл“, прекарот кој го доби поради постојаното остварување двоцифрен број поени и скокови, веќе извесно време не е во добри односи со управата на кумановци, како и со дел од сонародниците во тимот од северот. Кулминација на недоразбирањата било заминувањето на неговиот татко, Љубослав Луковиќ, од позицијата прв тренер, а како дополнителна мотивација се и неколкуте далеку побогати понуди кои ги доби благодарение на одличните игри во домашното првенство, но и во ФИБА-Еврокупот.

„Металците“ воопшто не криеја дека се заинтересирани за неговите услуги, но преговорите некако запнаа кон крајот на минатата недела. Но, со заминувањето на Пипан од клупата се отвора можност за повторно обновување на разговорите за неговото придружување на братот Марко, кој сезонава одлично го носи сино-белиот дрес на шампионот. Но, аеродромци имаат силна конкуренција, со огле дна неофицијалните информации дека Луковиќ има сериозни и богати понуди од екипи од Турција, но и од Саудиска Арабија, кои не би жалеле да платат и 10.000 долари месечно само да го имаат српскиот џин во своите редови.

Куманово брзо најде замена за него и тоа во Ненад Мишановиќ, 31-годишен српски интернационалец кој доаѓа од полскиот шампионат од тимот на Трефл Сопот.

Најново во Кошарка