ВИЦЕПРВАКОТ СО ПРОВЕРЕН КАДАР ВО НОВАТА СЕЗОНА

Луковиќ се враќа на клупата на Куманово

По едногодишна пауза Љубисав Луковиќ се враќа на клупата на Куманово на местото на досегашниот тренер, Страшко Тодоровиќ.

објавено: 11 јули 2015 - 20:55

Стратегот кому му е е веќе познат тимот ќе се обиде да го сочува нивото на кумановскиот прволигаш на македонската кошарка и барем да го повтори овогодишното финале и во следната сезона.

Негов прв предизвик ќе биде да го задржи костурот на тимот, односно играчите како Костовски, Луковиќ, Мандиќ, кои беа предводници на големиот успех и да го направи Куманово повторно да биде опасен конурент на сите фронтови.

Ако се остварат најавите, има голема веројатност Куманово да го гледаме и на европски мегдан, како македонски претставник во Еврокупот под капата на ФИБА,

Најново во Кошарка