Репрезентативниот бек го одбра Кавадарци

Магдевски е нов играч на Фени Индустри

Договорот е постигнат, опцијата е да биде до крајот на сезоната

објавено: 23 септември 2016 - 14:47

Андреј Магдевски долго време бираше каде ќе ја продолжи играчката кариера. Во изборот не му помогнаа многу ниту оние шест мечеви за нашиот сениорски национален тим.

Но по завршувањето на квалификациите, падна одлуката.Неговиот избор се вика Фени Индустри.  

„Се договоривме со Андреј. Останува со нас до крајот на оваа натпреварувачка сезона. Со овој потпис само ја продолжуваме реализацијата на нашите замисли, планови. Да имаме млади, и пред се домашни играчи во ростерот кои ќе добијат максимална подршка во текот на оваа сезона во која освен во домашниот шампионат ќе имаат и свои минути во делот наречен Балканска лига“ - потврдува за „Спортмедиа.мк“ шефот на стручниот штаб Љупчо Малинков за договорот со македонскиот репрезентативец.

Според најавите се очекува веќе овој викенд Магдевски да го има и своето деби во „црно-белиот“ дрес, и тоа на традициoналниот турнир „Димитар Ѓорѓиев“ кој се одржува во Кавадарци.  

Најново во Кошарка