РЕПРЕЗЕНТАТИВНИОТ БЕК ПРОДОЛЖУВА ВО КАВАДАРЦИ

Магдевски е ново-старо име во Фени Индустри

„Повредата е зад мене, продолжувам уште посилно" - порачува организаторот на играта, кој се врати на тренинзите на кавадаречкито прволигаш.

објавено: 20 август 2017 - 13:13

И во наредната сезона Андреј Магдевски ќе игра за екипата на Фени Индустри.

Репрезентативниот плејмејкер најде заедничко решение со раководството на клубот од Кавадарци, па и во следната сезона ќе го носи „црно-белиот" дрес.

„Се договоривме, останувам во Фени Индустри и во наредната сезона "- кратко потврдува младиот кошаркар, кој поради повреда ги пропушти овие претквалификациски натпревари.

Вели дека тешко му паѓа она што се случи во изминатиот период.

„Уште потешко ми беше да ги следам мечевите од трибините, или на ТВ. Мислам дека заслуживме повеќе од овој пласман. Но што е тука е.Треба брзо да се рехабилитираме, уште побрзо да се вратиме таму каде што реално ни е местото. Меѓу селекциите кои ќе се борат за пласман на ЕП 2021".

Она што е добро во целата оваа ситуција е што нов-стариот играч на Фени Индустри ја остави зад себе сериозната повреда, која пак не му даде да биде дел од националнти тим во текот на ова лето.

„Повредата е зад мене, продолжувам уште посилно. Пред неколку дена почнав со максимален интензитет на тренинзите. Се надевам дека сите лоши работи се зад мене. И дека во сезоната која е пред нас ќе бидам подобар од онаа што е зад нас" - се надева магдевски.

 И Дејвис и Блер во Кавадарци

Екипата на Фени Индустри го засили својот ростер за наредната сезона, со двајца кошаркари од САД.

Новајлии во тимот од Кавадарци се Шахид Дејвис, 23-годишен кошаркар, како и Стафон Блер кој има 24 години. Двајцата имаат искуство низ екипи во САД, а настапуваат како крилни центри. Исто така, Блер знае да настапува и како класичен центар.

Најново во Кошарка