И ОФИЦИЈАЛНО ГО ЗАСИЛИ ГОСТИВАР

Магдевски стави потпис и ја одбра „деветката“ (ФОТО-ВЕСТ)

Андреј Магдевски во продолжение на сезоната и официјално ќе го носи дресот на амбициозниот дебитант во Првата лига. 

објавено: 10 јануари 2018 - 15:45

Андреј Магдевски во продолжение на сезоната и официјално ќе го носи дресот на амбициозниот дебитант во Првата лига. Откако ги договори сите услови со челниците на клубот стави потпис на договорот, кој има важност до завршувањето на првенството.

(ФОТО: gostivarpress.mk)

Магдевски доаѓа од тимот на Фени Индустри, кој поради финансиски проблеми ќе остане без поголем дел од играчите. Тој  досега има просек од 17,4 поени, 5,1 скок и 5,7 асистенции. Македонскиот репрезентативец ќе го носи дресот со бројот девет. 

 

Најново во Кошарка