ПЕЛИСТЕР КАКО ДОБАР СПАРИНГ-ПАРТНЕР ЗА МЗТ

Малку „зелено пред очите" шампионот

Очекувано, „металците" лесно излегоа на крај со битолскиот состав, (84:54)

објавено: 10 јануари 2018 - 19:39

Пред заминувањето за Загреб, каде овој викенд ги чека дуелот од АБА лигата против Цибона, кошаркарите на МЗТ Скопје успешно го реализираа заостанатиот меч од 11. коло, оној против Пелистер.

Очекувано, шампионот излезе лесно на крјаот во дуелот со битолскиот состав. Славеа „сино-белите" со планирани, убедливи (84:54), дојдоа до два бода и место погоре на табелата пред продолжението на првенствената сезона кое е предвидено за овој викенд.
Тренерот Жељко Лукајиќ извади силна петорка која брзо направи двоцифрена предност (25:13), која на полувремето беше покачена на (51:33).
По одморот на ред дојдоа и голем број на ротации, измени во домашниот состав.
На крајот свои минути добија и оние најмладите, како Настовски и Тодоровски, ама двоен број на поени остварија само Трајковски (23) и Симоновски (18), кои заедно уфрлија осум тројки (од 13 обиди).
Роберт Луис со 19. поени, беше единствениот кој ја надмина двоцифрената бариера кај „пелистерци" кои останаа на претпоследното, 11. место на табелата со скор (2-9).

Најново во Кошарка