Се враќа во родниот град

Марјан Србиноски нов тренер на Гостивар?

Поранешниот македонски селектор Марјан Србиноски најверојатно ќе биде новиот тренер на Гостивар, клуб кој има големи амбиции за следната сезона

објавено: 29 јуни 2017 - 23:06

Поранешниот македонски селектор Марјан Србиноски најверојатно ќе биде новиот тренер на Гостивар, клуб кој има големи амбиции за следната сезона.

Србиноски веројатно се враќа во родниот град и ќе ја прифати поканата на новоименуваниот спортски директор Младен Ѓуроски, од клупата да го предводи Гостивар.

За прволигашот ова се нови добри моменти поврзани со именување на шеф на стручниот штаб, а исто така и со реализираните договори со дел од играчите со кои досега било разговарано. За да бидат дел од еден и дефинитивно малку поинаков Гостивар, од оној што го имавме навикнато да го гледаме во изминатиот период

 

Најново во Кошарка