ДОДЕЛЕНИ ПРИЗНАНИЈАТА ЗА НАЈДОБРИТЕ

Марко Луковиќ најкорисен, а Кнежевиќ најефикасен на куп-турнирот во Гевгелија!

објавено: 21 февруари 2016 - 21:46

Крилниот кошаркар на МЗТ Скопје, Марко Луковиќ, го доби признанието за најдобар играч на завршниот турнир од Купот на Македонија, кој викендов се одржа во Гевгелија со присуство на осумте најдиобри екипи во макбаскетот.

Српскиот интернационалец одигра константно добро на трите средби кои победникот МЗТ Скопје ги одигра на југот од Македонија и сосема заслужено го доби признанието за МВП-играч. Плакета доби и центарот на Карпош Соколи, Душан Кнежевиќ, кој беше најдобар стрелец на турнирот и кој сигурно ќе беше избран за најкорисен на средбите ако неговиот тим победешево финалето.

Најново во Кошарка